Министерство за информатичко општество и администрација воведе три ИСО стандарди и започна со имплементација на ЦАФ2020

Управување со квалитет во нашата земја е област на која во последната деценија во нашата држава и се посветило големо внимание и многу се работело затоа Република Северна Македонија е земја која во регионов е лидер во управување со квалитет. Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба има за цел имплементација на меѓународни и македонски стандарди за управување со квалитет во функционирањето на јавните институции кои ќе придонесат за повисок квалитет на услугите што ги обезбедуваат истите. Законот ги обврзуваат институциите на јавниот сектор да воведат ИСО и КАФ модели и е донесен во 2013 а министерство за информатичко општество и администрација станало ресорен центар за управување со квалитет.  Министерство за информатичко општество и администрација први во регионот се здобило со сертификатот за ефективен КАФ корисник уште во 2013 година.

Последните важни активности кои се реализирани а се дел од Стратегијата за реформа на јавна администрација и Национален план за управување со квалитет ги има многу на број. Најважната во последната година дена беше измената на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба усвоена во септември 2021 година во која законот се дополнува со  Процедура за надворешна проверка. Министерство за информатичко општество и администрација со оваа измена се здоби со можност да ги сертифицира институциите кои имплементирале КАФ модел како ефективни КАФ корисници.

Во 2020 беше формирана национална мрежа за управување со квалитет во која членуваат голем број на институции од јавен сектор.

Истата година беше пуштена веб страната за управување со квалитет на доменот на МИОА каде можат да се најдат сите важни документи од оваа област, институции кои имплементирале КАФ модел, база на податоци за обучувачи и надворешни проверувачи за КАФ.

Во февруари 2021 година усвоивме новата Методологија за мерење на задоволството на корисниците од добиените услуги од институциите во јавен сектор и се спроведе пилот мерење во десет институции предложени од МИОА. Пилот фазата на проектот „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2021 – 2022, како и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022. Имплементација на методологијата за оценка на индекс на квалитетот на работата на институциите ќе овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат брзи и ефикасни услуги, истите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.

Министерство за информатичко општество и администрација во изминатиот период спроведе неколку важни активности од областа на управување со квалитет меѓу кои се и воведување на меѓународниот стандард за системите за управување со квалитет ISO 9001:2015,  меѓународниот стандард за системот за управување со информациска безбедност ISO 27001:2013 и меѓународниот стандард за управување со електронски документи – дизајн и функционирање на информативен систем за чување на електронски документи ISO 14641:2018.

Министерството за информатичко општество и администрација како координатор на областа управување со квалитет, од јануари оваа година започна со реализирање на активности предвидени за имплементација на Заедничка рамка за проценка (ЦАФ моделот), кој е европски модел за подобрување на јавните организации преку самооценување. Моделот се  темели на премисата дека одлични резултати во учинокот на организациите, граѓаните/клиентите, луѓето и општеството се постигнуваат преку водството кое ги насочува стратегијата, планирањето, луѓето, партнерствата, ресурсите  и процесите. Квалитетот на јавната администрација и на услугите кои ги нуди се оценуваат според нивното влијание врз квалитетот на живот на луѓето. Целта на моделот ЦАФ е да ги води јавните организации кон постигнување најдобри можни резултати.

Министерството за информатичко општество и администрација и во наредниот период ќе продолжи со активности во насока на унапредување на квалитетот на работа на јавната администрација.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support