Покана за воспоставување на Мрежа за управување со квалитет во јавниот сектор во Република Северна Македонија

Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план усвоени во 2018 година содржат конкретни мерки за широка примена на управувањето со квалитет во Република Северна Македонија. Овие мерки на национално ниво ги координира Министерството за информатичко општество и администрација. Во новата Стратегија за реформа на јавната администрација и Акцискиот план (2018-2022) имплементацијата на инструментите за управување со квалитет во институциите во Република Северна Македонија е предвидена во приоритетната област “Испорака на услуги и ИКТ поддршка за администрација”, под посебната цел “Зголемен квалитет и достапност на јавните услуги”, каде постојат посебни мерки за “Подобрување на системот за управување со квалитет” и “Мерење на задоволството на клиентите”.

Со цел управувањето со квалитетот да стане составен дел на јавната администрација во Република Северна Македонија, капацитетот и знаењето треба да се зголемат на одржлив начин. Планот што води кон постигнување на ваквата цел вклучува различни активности кои треба да обезбедат одржливост и трансферабилност.

Создавање на “Мрежа за  управување со квалитет во јавната администрација во Република Северна Македонија” ќе ја координира МИОА. Во оваа мрежа ќе учествуваат организациите кои што применуваат алатки и модели за управување со квалитет. Во рамки на оваа мрежа институциите ќе може да се сретнат едни со други за да разговараат, да споделат информации и искуства, да учат едни од други, да ги дефинираат заедничките теми за понатамошен интерес за поддршка.

Министерство за информатичко општество и администрација според планот на Стратегија за реформа на јавна администрација и Националниот план за управување со квалитет Ве поканува да се пријавите за членство во Мрежа за управување со квалитет во јавна администрација на Република Северна Македонија.

За пријава за членство заинтересираните органи на државната управа, државните органи,  институциите  и единиците на локална самоуправа  треба до Министерството за информатичко општество и администрација да достават писмо/допис со кое се пријавуваат за членство во Мрежа за управување со квалитет во јавна администрација во Република Северна Македонија. Писмото треба да е потпишано од  функционерот кој раководи со органот на државната управа или државниот орган, раководното лице на институцијата, градоначалникот  на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Замолуваме исто така да номиниранирате претставник од Вашата институција во Мрежата за управување со квалитет, со доставување на следните податоци: име и презиме; звање и работно место; назив на институција; контакт телефон и e-mail. Институциите треба да бидат претставувани од административен службеник определен да извршува работи од областа на управувањето со квалитет.

 

За сите подетални информации, Ве молиме обратете се во Министерството за информатичко општество и администрација:

Координатор за управување со квалитет Амина Шкријељ, тел: 02/ 3200 895 и е-mail: amina.sh@mioa.gov.mk

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support