Имплементација на ЦАФ моделот во Царинската управа

Основни податоци

Царинската управа e орган во состав на Министерството за финансии со статус на посебно правно лице кое ги спроведува законите и другите прописи на во областа на царините.

Стратешка определба на Царинската управа е воспоставување на ефективна царинска политика која ги поддржува владините економски цели, како и одржување на рамнотежа помеѓу интересите на бизнис заедницата и одговорностите за царинска контрола, со цел да се обезбеди поддршка на легалната трговија и подобрена наплата на давачки.

 

ВИЗИЈА – Да останеме модел на современ и најдобар сервис на граѓаните, економските оператори и државата, согласно домашните и меѓународно признаените најдобри практики и да останеме водечка институција во процесот на пристапување кон Европската царинска унија.

 

МИСИЈА – Да ги зачуваме финансиските интереси на земјата, да го заштитиме здравјето и животот на луѓето, да одржиме конкурентен економски амбиент, да ги реализираме економските политики на Владата и да ги поддржиме активностите за започнувањето на предпристапни преговори за членство во Европската унија.

 

Процес на имплементација на ЦАФ моделот

ЦАФ моделот се имплементира во Царинската управа на ниво на цела организација. Улогата на моделот CAF во организациското работење на Царинската управа е да се воведе метод на континуирано подобрување на организацијата, во корелација со веќе воспоставените политики и пракси за управување со квалитет.

Тимот за процена е формиран со Решение за отпочнување на процесот на заедничка рамка на проценка (ЗРП) во состав од седумнаесет членови од кој еден координатор и еден заменик координатор. Во тимот за само-проценка се вклучени претставници на сите организациони единици, вклучувајќи претставници и од царинарниците.

Тимот за само-проценка спроведе анализа и ги дефинира силните страни и областите кои треба да се подобрат, и предложи активности за подобрување на состојбата во Царинската управа.

Откако тмот за само-проценка доби дводневна обука ( во август 2017) постапката на само-проценка ја спроведе за два месеци односно во периодот септември и октомври 2017 година.

Потоа, во месец ноември се изработи Извештај за заедничка рамка на оценка во Царинската управа, како и Комуникациски план за воведување на заедничка рамка за оценка во ЦУРМ, додека во првата недела од декември се одржа дводневна работилница за приоретизација на ЦАФ мерки на која учествуваше врвното раководстсво на Царинската управа (Колегиум групата) и тимот за само-оценка.

Од вкупно 132-те предложени мерки на Работниот тим, беа приоретизирани 36 мерки.

Врз основа на приоретизираните мерки за подобрување на крајот на месец декември се изработи План за подобрување на состојбите во Царинската управа согласно Заедничка рамка за оценка, кој вклучува и детална матрица за акцискиот план на мерките за подобрување на состојбите, како и методологија за следење на планот за подобрување. Овој план содржи 18 брзо спроводливи мерки и 18 мерки за подобрување на состојбите со рокови за реализација до 24 месеци, кои истовремено се вклучени и во донесениот Акционен план на Царинската управа  за период 2017-2019 година.

 

Постигнати резултати

Реализацијата на брзо спроводливите мерки како и на мерките за подобрување на состојбите се следи на квартално ниво.

Во првиот квартал на 2017 година (јануари- март) беа реализирани вкупно 13 мерки или 36,1%, во вториот квартал (април-јуни 2017) беа реализирани 16 мерки или 44,44% додека во третиот квартал (јули-септември 2017) реализацијата на овие мерки изнесува 50% .

Известувања за имплементација на ЦАФ моделот се доставени до МИОА, Владата и Министерството за финансии, додека во Годишниот извештај на Царинската управа на , кој е објавен и достапен на веб страната,  е објавен текст со информација за примената на овој инструмент. Извештај за реализација на ЦАФ мерките на квартално ниво се доставува до Колегиум групата и тимот за само-оценка.

 

Научени лекции/препораки

Генерално ставот на учесниците во постапката на имплементација на ЦАФ моделот е дека доколку оваа алатка се имплементира правилно и доследно навистина може да продонесе во подобрување со процесите на управување во нашата институција.

Сметаме дека еден од значајните фактири за успешна имплементација е поддршката од врвното раководстсво, запознавање на поголем број на вработени со овој модел, но и правилен избор на составот на тимот за само-оценка, кој треба реално и непристрасно да ја спроведе само-оценката на доброволна основа.

Овој модел истовремено помага и во правилното проектирање на целите на нашата институција и на потребите од човечки, технички и финансиски ресурси за нивна реализација.

Контакт податоци на ЦАФ координатор во Царинска управа

м-р Јулија Николовска, началник на Одделение за интегритет, Сектор за професионална одговорност

тел. 070/315-490

e-mail: Julija.Nikolovska@customs.gov.mk

 

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support