Имплементација на ЦАФ моделот во Градот Скопје

Основни податоци

Локалната самоуправа е одговорна за уредување и вршење на работите од јавен интерес од локално значење. Како главен административен, деловен, културен и образовен центар, Градот Скопје се стреми да обезбеди услови за квалитетен живот на граѓаните и деловните субјекти преку професионално остварување на работите од својата надлежност.

 

МИСИЈА – Како посебна единица на локалната самоуправа Градот Скопје има јасно дефинирана мисија за остварување на јавниот интерес од локално значење на градот Скопје  oсобено, планирањето и уредувањето на просторот, обезбедувањето на добра инфраструктура, заштита и унапредување на животната средина, локален економски развој, негување на културно – историското наследство и др.

 

ВИЗИЈА – Визијата за Град Скопје е јакнење на капацитетите за користење на светските практики и финансиски поддршки со цел создавање на услови за квалитетен живот, долгорочен успех, просперитет и промоција на градот како посакувана дестинација на инвеститорите и поволно бизнис опкружување. Обезбедување за граѓаните живот и работа во безбедна и здрава околина со подобар квалитет на нивниот живот.

 

Процес на имплементација на ЦАФ моделот

Град Скопје перманентно настојува да го подобри квалитетот на своето работење стремејќи се кон извонредност со модерна, професионална и ефикасна администрација во служба на граѓаните, подобрување на мотивираноста на вработените и постојано унапредување на работењето.

За таа цел Град Скопје се пријави на Јавниот повик објавен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, за воведување на Заедничката рамка за проценка (Common Assessment Framework) или позната како CAF, во својата организација. Временската рамка за спроведување на процесот на само-оценување беше периодот од февруари до јули 20013 година. Од тие причини беше спроведена обука на двајца претставници од Град Скопје (координатор и заменик-координатор). На наше задоволство обучени експерти од МИОА дадоа поддршка на целокупниот процес на имплементација на овој стандард и го презентираа моделот пред секретарот на Град Скопје и раководителите во институцијата. Се формираше тим за самооцена по што се спроведе обука на истиот од страна на обучувачи од МИОА. Задачата на тимот беше да спроведе анализа и да ги дефинира силните страни и областите кои треба да се подобрат, како и да предложат активности за подобрување на состојбата. Методот на работа на тимот за секој критериум се состоеше од два дела и тоа:

  • Индивидуална процена на секој член на тимот со цел секој поединечно да ги процени силните страни, можните области на подобрување како и да предложи една или повеќе предлог-мерки за областите на подобрување;
  • Тимска процена со одржување на состаноци и постигнување на консензус при определувањето на силните страни, областите на подобрување и формулирање заеднички предлог-мерки.

Тимот за самооцена се формираше на доброволна основа со пријавување на вработени од Град Скопје при што се постигна репрезентативност преку застапеност на вработени во тимот со различно стручно звање, степен на образование, пол, возраст, но, пред се, преку трудољубиви, одговорни и исполнителни вработени, кои ги запазуваат дадените рокови и сакаат да бидат дел од тимот.

Се спроведе процесот на само-оценување и се изработи Извештај за состојбата кој се достави до врвното раководство за да се запознае. Во текот на месец мај се одржа работилница за координаторот и заменик-координаторот за запознавање со метoдот на избор на мерки кои понатаму ќе се развијат во акциски планови. Во јуни се спроведе работилница со учество на тимот за самооцена и раководната структура на која се изврши приоретизација на предлог-активности. Од предложените 146 активности од тимот на работилницата се изврши избор на 25 брзо спроведливи активности (Quick Wins) и 10 приоритетни активности, кои беа составен дел на Планот за подобрување на состојбата во Град Скопје преку Заедничката рамка за процена.

 

Постигнати резултати

Планот за подобрување на состојбата во Град Скопје преку Заедничката рамка за процена беше донесен од страна на Градоначалникот на Град Скопје. Реализацијата на мерките од Планот за подобрување се следеше на два месеци.

Иако прифаќањето на предложените мерки бараше поголеми промени во начинот на функционирање на институцијата, сепак, се сметаше дека промените се неопходни за ефикасна јавна администрација во насока на подобрување на услугите кон крајните корисници

Во периодот на имплементација на планот беа реализирани околу 90% од брзо спроводливите мерки и мерките за подобрување на состојбите.

Известување за имплементација на ЦАФ моделот беше доставено до Министерството за информатичко општество и администрација.  Извештај за реализација на ЦАФ мерките на секои два месеци се доставуваше до врвното раководство и до сите вработени.

 

Научени лекции/препораки

Генерално, искуството на Град Скопје во спроведувањето на процесот е позитивно со вложен огромен труд и несебичен ентузијазам од страна на вработените кои на овој начин увидоа можност самите да бидат двигатели на позитивни промени и трендови во рамките на институцијата.

Во иднина би било пожелно да се поработи на начинот на имплементацијата на моделот за вработените да можат целосно да се посветат без оптоварување од тековните активности и да се обезбеди соодветен буџет за воведување на моделот. Пожелно би било и да се поттикне иницијативата за формирање на одделение за управување со квалитет, со цел спроведување на планот да не биде обврска само на еден вработен.

Контакт податоци на ЦАФ координатор во Град Скопје

м-р Цветанка Соколова-Младеновска, помошник-раководител на Секторот за правни работи

тел: 02/3297-398 моб: 075/443-253

e-mail: cvetankas@skopje.gov.mk

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support