На 1 ноември 2022 година се оддржа втората планирана работилница за изработка на новиот Национален План за управување со квалитет на која работната група составена од претставници на релевантни засегнати страни ги верификуваа идентификуваните активности кои ќе се преземат во нареден тригодишен период со цел да се подобри ефикасноста на работењето на институциите и испорака на услугите кон граѓаните како крајна цел во реформа на јавна администрација.
Новиот Национален План за управување со квалитет се подготвува со поддршка на Регионална школа за јавна администрација ( ReSPA) и се очекува да биде готов до крајот на месец ноември кога Mинистерство за информатичко општество и администрација ќе го презентира на Влада на Република Северна Македонија и на пошироката јавност во нашата држава.