Обраќање на министерот Минчев на иницијалниот состанок на Координативното тело за управување со квалитет

На 28ми ноември министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на иницијалниот состанок на Координативното тело за управување со квалитет, каде што учествуваа претставници од SIGMA, Европскиот институт за јавна администрација (EIPA), Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), како и членови на Координативното тело.

 

Во своето обраќање, министерот Минчев ја истакна важноста на управувањето со квалитет како темел за современа, ефикасна и одговорна јавна администрација. Тој нагласи дека воведувањето на системите за управување со квалитет, како што се CAF и ISSO, отвора нови можности за јакнење на институционалните капацитети, поставување јасни цели и визии, како и за подобрување на услугите за граѓаните и бизнисите.

 

 

Министерот, исто така, ја изрази својата загриженост за ниската реализација на активностите предвидени во Националниот план за 2023-2025 и Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030. Тој ги повика членовите на Координативното тело на сериозен пристап и активно учество во нивната имплементација.

Првиот состанок на Координативното тело за управување со квалитет e платформа која го означува почетокот на нашата заедничка посветеност кон изградба на ефикасна, транспарентна и висококвалитетна јавна администрација.

 

Срдечна благодарност до Програмата SIGMA, Европскиот институт за јавна администрација (EIPA) и Регионалната школа за јавна администрација, чија посветена и искрена поддршка низ годините не води и поддржува

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support