Друг метод што се користи и е базиран на техники за управување со квалитет (TQM) е EFQM моделот – европска верзија на рамката Baldridge. 9 Европската фондација за управување со квалитет (EFQM) е основана на крајот на 1980-тите од страна на 14-те големи европски компании, и почна да се фокусира на јавниот сектор за време на нејзиниот развој. Во 1992 година, EFQM го започна својот модел за само проценка. Овој модел се базира на 9 критериуми. EFQM малку го промени својот модел во април 1999 година, обидувајќи се да го направи по компатибилен со јавниот сектор преку воведување на перспективата за иновација и учење. Деветте димензии на моделот се: лидерство, луѓе, политика и стратегија, партнерства и ресурси, процеси, резултати од луѓето, резултати од клиентите, резултатите од општеството и клучните резултати од перформансите/работата. EFQM-моделот се повеќе се користи во европските јавни услуги. Овие исти димензии може да се најдат во рамките на Заедничката рамка за проценка (CAF), но посебно приспособени за јавниот сектор.
