На 20 ноември 2019 година во хотел Радика во Маврово се одржа работилница на неформалната мрежа за управување со квалитет во јавниот сектор. Работилницата беше во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот беше претставена тест верзијата на новиот веб-сајт за управување со квалитет во јавниот сектор и се презентираа новата Нацрт верзија на CAF моделот – CAF2020 и новата Нацрт Методологија за оценка на квалитетот на работењето на институциите. На работилницата учествуваа 35 претставници од државните институции и невладиниот сектор кои дискутира за ефектите и влијанијата од воведување на инструментите за управување со квалитет.