Во мартовското издание на EUPAN eNews земјите членки на EUPAN мрежата во која членува и нашата држава ги набројаа суштинските реформи во нивните јавни администрации.
Значајна активност во областа на реформата на јавната администрација во Северна Македонија е имплементацијата на проектот ИПА 2017 финансиран од ЕУ „Поддршка за реорганизација на државата“ на 6 ноември 2019 година. Целта на овој проект е да се оптимизира целокупната институционална рамка, да се зајакне испораката на јавни услуги и да ги зајакне етиката, интегритетот, транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, меѓу другото преку спроведување на функционална анализа и донесување на нов Закон за организација на државата органите на управата.
Експертскиот тим подготви поединечни извештаи за реорганизација на министерските системи и Генералниот Секретаријат, по претходно спроведена хоризонтална функционална анализа и серија интервјуа. Главниот производ на оваа фаза од имплементацијата на проектот е Синтезниот извештај кој ги сумира сите предлози за реорганизација на институциите кои се во прашање. во рамките на оваа реорганизација. Министерството за информатичко општество и администрација, по усвојувањето на Синтезниот извештај, продолжува со пилот фазата на реорганизација во министерските системи, на предмет со примена на Методологијата за формирање, спојување и укинување на органи на управата.