Владата на Република Северна Македонија на 48ма седница одржана на 4 февруари 2025 година ја усвои Информација во врска со спроведено оценување на Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите.
Министерството за јавна администрација заврши со реализација на нов циклус на „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во рамки и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030. Имплементацијата на Методологијата за оценка на индекс на квалитетот на работата на институциите овозможува идентификација на институциите кои успешно работат и кои испорачуваат ефективни и ефикасни услуги до корисниците. Истите треба со презентирање на резултатите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите со послаби резултати да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.
Во мерењето на задоволството од испорака на услугите учествуваа: Агенција за вработување на Реблика Северна Македонија, Централен Регистар на РСМ, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Општина Штип, ЈУМЦСР Битола, ЈП Водовод и Канализација Прилеп, Инспекторат за животна средина, Фонд за пензиско и здравствено осигурување Скопје, Министерство за европски прашања и Министерство за култура и туризам.
Министерство за јавна администрација потребните податоци ги собираше преку дистрибуирани прашалници до номинираните контакт лица во институциите, Анкета за мерење на задоволството на корисниците“ и „Таен клиент“. По добиените резултати, Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет изврши евалуација на институциите преку оценка на пополнетиот прашалник од институцијата, резултатите од спроведената анкета, резултатите од спроведеното истражување „таен клиент“ и го утврди степен на квалитет на работа на институциите. Од спроведеното истражување и користените различните методолошки алатки, Централен Регистар на Република Северна Македонија покажа највисок степен на квалитет на работењето. За ефикасна и ефективна реализација на проектот, неопходно е да продолжи соработката и отвореноста на институциите, како и консеквентно зголемување на квалитетот на работа на институциите во сите области.
Министерството за јавна администрација според Методологијата, континуирано секоја година, со нови 10 институции ќе врши мерење на индекс на квалитет на работата на институциите.
Комисијата го подготви извештајот на оценка на индекс на квалитет на работа на институциите, кој ќе биде објавен на веб страна на Министерство за јавна администрација како и на веб страна за управување со квалитет како платформа која нуди информации од оваа област на национално ниво.