УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ ОД СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИНДЕКС НА КВАЛИТЕТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Владата на Република Северна Македонија на 121 седница одржана на 24 јануари 2023 ја усвои Информација во врска со спроведено оценување на Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите

Министерството за информатичко општество и администрација заврши со реализација на нов циклус на „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во рамки и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022. Имплементацијата на Методологијата за оценка на индекс на квалитетот на работата на институциите овозможува идентификација на институциите кои успешно работат и кои испорачуваат ефективни и ефикасни услуги до корисниците.  Истите треба со презентирање на резултатоите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите со послаби резултати да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.

Во мерењето на задоволството од испорака на услугите учествуваа: Министерство за правда,  Министерство за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен здравствен и санитарен инспекторат, Министерство за информатичко општество и администрација – Државен Управен инспекторат, Управен Суд на Република Северна Македонија, Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје , Националната Установа Музеј на Македонија – Скопје, ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје и ЈУ Меѓуопштинското центар за социјални работи Струмица.

Министерство за информатичко општество и администрација потребните податоци ги собираше преку дистрибуирани прашалници до номинираните контакт лица во институциите, Анкета за мерење на задоволството на корисниците“ и „Таен клиент“.  По добиените резултати, Комисијата за оценување и анализа на резултатите добиени од спроведеното мерење на квалитет изврши евалуација на институциите преку оценка на пополнетиот прашалник од институцијата, резултатите од спроведената анкета, резултатите од спроведеното истражување „таен клиент“ и го утврди степен на квалитет на работа на институциите. Од спроведеното истражување и користените различните методолошки алатки, Министерство за образование на Република Северна Македонија покажа највисок степен на квалитет на работењето. За ефикасна и ефективна реализација на проектот, неопходно е да продолжи соработката и отвореноста на институциите, како и консеквентно зголемување на квалитетот на работа на институциите во сите области.

Министерството за информатичко општество и администрација според Методологијата, континуирано секоја година, со нови 10 институции ќе врши мерење на индекс на квалитет на работата на институциите.

Комисијата го подготви извештајот на оценка на индекс на квалитет на работа на институциите,  кој ќе биде објавен на веб страна на Министерство за информатичко општество и администрација како и на веб страна за управување со квалитет како платформа која нуди информации од оваа област на национално ниво.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support