Усвоена новата Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите

На 45-та седница на Влада на Република Северна Македонија одржана на 16.02.2021 беше усвоена новата Методологија за оценка на индекс на квалитет на институциите која беше предвидена со Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2021 – 2022  и  Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2020.

Методологијата за оценка на квалитетот на работата на институциите се очекува да го подобри работењето на институциите од јавниот сектор преку мобилизирање и фокусирање на работата на сите вработени, оние кои даваат услугите, вработените од првата линија на комуникација со клиентите, вработените задолжени за политики, стратегија и истражување, како и раководителите – со заедничката цел: подобрување на услугите и задоволството на  клиентите.

Имајќи ги предвид меѓународните искуства, целта на процесот е обезбедување брза, евтина и ефикасна услуга за граѓаните и компаниите, процесот за мерење на квалитетот на институциите во администрацијата ќе претставува комбиниран модел од повеќе алатки, кои ќе соединуваат во себе внатрешни и надворешни фактори, односно аспекти на внатрешни перформанси и надворешни фактори во поглед на испораката на услуги кон граѓаните.

Процес за оценка на квалитетот на работата на институциите опфаќа собирање податоци, правење анализи и известување со цел да се добијат информации за напредокот во имплементацијата на целите и реформите, како и евентуалните проблеми во работењето. Опфаќа мерење на начинот на управување со ресурсите на институцијата, нејзините процеси на работење и испорачување на услуги и резултатите од работењето.

Планираните активности за оценка на индекс на квалитет на институциите во овој цеклус ќе се концентрира на десет институции значајни за испорака на услугите кон граѓаните, кои Министерство за информатичко општество и администрација ги предложи, а Владата на Република Северна Македонија ги усвои. Извештајот од оценувањето ќе биде изготвен и јавно достапен на крајот на самиот процес.

Имплементација на матодологијата за оценка на квалитетот на работата на институциите ќе овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат квалитетни услуги, истите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење.

 

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ОЦЕНКА НА ИНДЕКС НА КВАЛИТЕТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support