Член 1
Во Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка
за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба („Службен весник на
Република Македонија“ број 69/13 и 193/15), во членот 4 точка 4 сврзникот „и“ се
заменува со точка запирка.
Во точката 5 точката на крајот на реченицата се заменува со сврзникот „и“ и се додава
нова точка 6, која гласи:
„6. Надворешна проверка на примената на заедничката рамка за процена е проверка
извршена од надворешен проверувач за тоа дали процесот на самооцена бил добро
спроведен, дали планот за подобрување ефикасно ги одразува заклучоците од самооцената
и дали се преземени соодветните чекори за реализација на планот за подобрување.“.
Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 12 декември 2006 година
за услугите на внатрешниот пазар, CELEX бр. 32006L0123.
Службен весник на РСМ, бр. 215 од 16.9.2021 година
2 од 3
Член 2
Во членот 5 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) По исклучок од ставот (3) на овој член, сертификационото тело кое ќе врши
сертификација на органите, а кое е основано во држава на Европскиот економски
простор, не треба да е акредитирано од Институтот за акредитација на Република
Северна Македонија согласно со прописите од областа на услугите.“.
Ставот (4) станува став (5).
Член 3
По членот 6 се додава нов наслов и нов член 6-а, кои гласат:
„Процедура за надворешна проверка на примената на заедничката рамка за процена
Член 6-а
(1) За спроведување на надворешната проверка на примената на заедничката рамка за
процена, органот избира двајца надворешни проверувачи од регистарот кој го води
ресурсниот центар за воведување на заедничката рамка за процена на работењето и
давањето на услуги во државната служба.
(2) За надворешен проверувач може да биде избрано лице кое:
– е запишано во регистарот на надворешни проверувачи,
– како консултант учествувало во имплементација на системот за управување со
квалитет во најмалку еден орган и
– не учествувало како консултант во имплементација на системот за управување со
квалитет во истиот орган.
(3) Како надворешен проверувач во регистарот од ставот (1) на овој член, може да се
запише лице кое има завршено обука организирана од ресурсниот центар, за што се
стекнало со сертификат за надворешен проверувач.
(4) Надворешната проверка на примената на заедничката рамка за процена се
спроведува во органот во соработка со надворешниот проверувач, преку анализа на сите
материјали и документи кои произлегуваат или се од значење за системот за управување
со квалитет.
(5) За спроведената проверка надворешните проверувачи подготвуваат извештај кој се
презентира пред раководното лице на органот, а кој содржи:
– процена на квалитетот на процесот на самооцена,
– процена на степенот на реализација на препораките за подобрување од процесот на
самооцена;
– процена на степенот на реализација на принципите на извонредност,
– препораки за подобрување на квалитетот во сите аспекти на работењето на органот и
– одлука дали органот ја има имплементирано заедничката рамка за процена на
ефективен начин и дали треба да добие сертификат за „Ефективен корисник на
заедничката рамка за процена“ за следните две години.
(6) За спроведената надворешна проверка, секој надворешен проверувач има право на
надомест во бруто износ од 300 евра во денарска противвредност, на товар на
институцијата во која се врши надворешната проверка.
(7) Начинот и методологијата за спроведување на надворешната проверка,
прашалниците за надворешна проверка, образецот за аплицирање за надворешна
проверка, како и содржината на извештајот од надворешната проверка од ставот (5) на
овој член, ги пропишува министерот за информатичко општество и администрација.“.
Член 4
Во член 7 зборовите: „членовите 5 и 6“ се заменуваат со зборовите „членовите 5, 6 и 6-
а“.
Службен весник на РСМ, бр. 215 од 16.9.2021 година
3 од 3
Член 5
По членот 7 се додава нов наслов и нов член 7-а, кои гласат:
„Контакт – точка и ресурсен центар за воведување на заедничката рамка за процена
Член 7-а
(1) Министерството за информатичко општество и администрација претставува
национална контакт точка и ресурсен центар за воведување на заедничката рамка за
процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.
(2) Како национална контакт точка за координација и имплементација на заедничката
рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба,
Министерството:
– дава стручна поддршка на органите за имплементација на заедничката рамка за
процена на работењето и давањето на услуги во државната служба,
– се грижи за правилна имплементација на заедничката рамка за процена на работењето
и давањето на услуги во државната служба,
– промовира добри европски практики во употребата на заедничката рамка за процена
на работењето и давањето на услуги во државната служба,
– воспоставува и води регистар на институции кои ја имплементирале заедничката
рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба,
– обезбедува поддршка на органите за примена на заедничката рамка за процена на
работењето и давањето на услуги во државната служба и
– воспоставува и води регистар на сертифицирани обучувачи за заедничката рамка за
процена на работењето и давањето на услуги во државната служба.
(3) Заради доследно спроведување на надворешната проверка, Министерството:
– организира обуки за надворешни проверувачи и издава сертификат за завршена обука,
– воспоставува и води регистар на надворешни проверувачи кои завршиле обука и се
стекнале со сертификат за надворешен проверувач,
– дава поддршка на органите за спроведување на надворешната проверка и
– издава сертификати за „Ефективен корисник на заедничката рамка за проценка“ на
органите кои успешно ја поминале надворешната проверка.
(4) Образецот и начинот на водење на регистрите од ставот (2) алинеи 4 и 6 и ставот (3)
алинеја 2 на овој член, образецот на сертификатите од ставот (3) алинеи 2 и 4 на овој
член, како и програмата за обука од ставот (3) алинеја 1 на овој член, ги пропишува
министерот за информатичко општество и администрација.“.
Член 6
Членот 2 од овој закон, со кој во членот 5 по ставот (3) се додава нов став (4), ќе
започне да се применува по пристапувањето на Република Северна Македонија во
Европската Унија.
Член 7
Подзаконските акти предвидени со овој закон, ќе се донесат во рок од три месеци од
денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 8
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник
на Република Северна Македонија.