Министерство за информатичко општество и администрација заедно со релевантните чинители од областа на управување со квалитетно од нашата држава започна со изработка на новиот Национален План за Управување со Квалитет 2023-2025.
Национален План за Управување со Квалитет се подготвува со поддршка на in country support програмата на Регионален Центар за Управување со Квалитет на Регионална школа за јавна администрација РеСПА која обезбеди експерти кои со својата експертиза од оваа област треба да подготват квалитетен документ кој ќе ги зацрта сите потребни активности од оваа област за нареден тригодишен период чија реализација ќе допринесе јавниот сектор во нашата држава да се движи во насока на постигнување на извонредност и испорака на ефикасни и ефективни услуги кон граѓаните заради кои и постои.
Самиот национален План ќе биде дел и од новата Стратегија за реформа на јавна администрација 2023-2030 година која исто така е во процес на подготовка.
Првиот работен состанок на тимот за подготовка на овој документ се одржа на 29 јули 2022 година. Во работна атмосфера членовите на тимот, секој со својата стручност и долгогодишно искуство на работа во јавниот сектор дадоа идеи и предлози кои ќе придонесат новиот документ за Управување со Квалитет да ги опфати активностите кои на национално ниво областа на управување со квалитет ќе ја воздигнат на едно повисоко нови и ќе придонесе во стремежот за постигнување на тотален квалитет во нашата држава.
Овој документ се очекува покрај РеСПА да добие одобрување и од други релевантни меѓународни организации од оваа област.
Новиот Национален План за Управување со Квалитет се очекува да биде готов во ноември оваа година.