Комисија за оценување и анализа го подготви Извештајот од спроведеното истражување за индекс на квалитет на институциите

Министерството за информатичко општество и администрација заврши со реализација на првата пилот фаза од проектот „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“, предвиден во рамки на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2021 – 2022, како и во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022. Согласно содржината на Методологијата, се предвидува етапно спроведување на оваа Методологија со цел добивање на релевантни инпути со кои би се подобрил процесот за наредните години. Во првата пилот фаза учествуваа следните институции: Министерство за економија,  Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за правда – Управа за водење на матичните книги, Агенција за администрација на Република Северна Македонија, Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Министерство за финансии- Биро за јавни набавки, Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат, Министерство за култура – Филхармонија на Република Северна Македонија.

Од спроведеното истражување и користените различните методолошки алатки, Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија покажа највисок степен на квалитет на работењето.

Имплементација на методологијата за оценка на индекс на квалитетот на работата на институциите ќе овозможи да се идентификуваат институциите кои добро работат и кои испорачуваат брзи и ефикасни услуги, истите да се мотивираат за уште поквалитетно работење, како и да се поттикнат институциите да учат една од друга преку споделување на добрите практики од нивното работење, со цел подобрување на услугите и задоволството на корисниците.

Министерството за информатичко општество и администрација и оваа година, со нови 10 институции, продолжува со мерење на квалитетот на работата.

ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИНДЕКС НА КВАЛИТЕТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support