Добредојдовте на порталот за информирање и следење на активностите во областа на управување со квалитет во јавната администрација. Порталот нуди информации за алатките за управување со квалитет кои можат да се применат во јавнат сектор, содржи релевантни документи во областа на управување со квалитет, дава приказ на институциите – корисници на определени модели за управување со квалитет и активностите кои се спроведуваат. Овој портал воедно претставува и платформа за комуникација и размена на искуства помеѓу вработените во јавниот сектор во областа на управување со квалитет.
Управувањето со квалитетот опфаќа системска и континуирана примена на различни инструменти во институциите од јавниот сектор со цел унапредување на работењето на и обезбедување на подобри услуги кои се во согласност со потребите не граѓаните.
Примената на инструментите за управување со квалитет им овозможува на организациите да ги осознаат потребите на граѓаните и да ги интегрираат нивните барање во работењето на организацијата.
Воведувањето на инструментите за управување со квалитет во институциите од јавниот сектор вообичаено подразбира воведување на организациски промени, обезбедување на силна поддршка од раководството, вложување на многу напори во промовирањето на квалитетот, воспоставување на силна соработка помеѓу различни засегнати страни во и надвор од јавната администрација.
Придобивките од воведувањето на инструментите за управување со квалитет во јавната администрација се бројни и разновидни. Овие инструменти најчесто се насочени кон континуирано подобрување на работата и организациските процеси, унапредување на мотивацијата и следење на работењето кај вработените, како и подобрување на испораката на услугите. Примената на овие инструменти ќе има поволно влијание врз севкупниот систем на јавната администрација и ќе обезбеди креирање на модерна, ефикасна и професионална јавна администрација што ќе им служи на граѓаните.
Министерството за информатичко општество и администрација претставува национална контакт точка и ресурсен центар за воведување на ЦАФ моделот.
Како централна точка која ги координира активностите за имплементација на ЦАФ моделот во земјава, Министерството за информатичко општество и администрација:
- е центар со експертиза за имплементација на ЦАФ моделот во јавниот сектор;
- се грижи за соодветна имплементација на ЦАФ моделот;
- промовира добри практики во употребата на ЦАФ моделот;
- води регистар на институции кои го имплементирале ЦАФ моделот;
- обезбедува поддршка на институциите во земјава во однос на имплементација на ЦАФ моделот;
- води регистар на сертифицирани фасилитатори за имплементацијата на ЦАФ моделот.
Министерството има организирано голем број на активности за поддршка и промовирање на имплементацијата на ЦАФ моделот, како што се организирање на национални конференции за управување со квалитет, советувања за имплементација на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, изработка на документи потребни за олеснување на процесот на имплементација на ЦАФ и организирање на обуки и работилници.
Најдобри практики
Погледнете ги најдобрите практики за да видите како се применети моделите за управување со квалитет во јавниот сектор