Министерството за информатичко општество и администрација ја одржа работилницата за постигнување консензус за само-проценка

Министерството за информатичко општество и администрација одржа дводневна работилница на 7-8 април 2022 година за постигнување консензус за само-проценка, со поддршка на РеСПА.

Целите на повторна имплементација на ЦАФ моделот  се натамошно подобрување на квалитетот на работењето на Министерството, како внатрешно од организационен аспект, така и од аспект на услугите кои се нудат кон крајните корисници.

Моделот се препознава како процес на континуирано подобрување, кој е комплементарен на целосниот систем за управување со квалитет во Министерството.

Раководителите на ЦАФ програмата, ЦАФ тимот и групата за само-проценка формирани во рамки на МИОА, со поддршка на Регионалниот центар за управување со квалитет на РеСПА, експертот за управување со квалитет Томас Пророк и локалниот експерт за управување со квалитет Мартин Тодевски работеа интензивно на унапредување на добиените одговори на подкритериумите  од претходно дистрибуираниот прашалник до групата за само-проценка формирана во рамки на МИОА.

Точно и концизно, преку работа во групи и дискусија се детектираа слабостите и областите каде е потребно подобрување на квалитетот на работа на Министерството.

МИОА како координатор на процесот на управување со квалитет продолжува посветено да работи на подобрување на услугите кон граѓаните и бизнисите.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support