Функционална анализа

Функционалната анализа (ФА) има за цел да даде реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни функции. Спроведениот процес треба да биде преточен во документ кој ќе даде осврт на ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работите и работните задачи во рамки на внатрешната поставеност, како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски, просторни, ИТ, технички и др.), од кои најзначаен секако е човечкиот капитал. Имено, наодите и препораките од ФА претставуваат солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати. ФА треба да биде и алатка за раководството. Процесот вклучува прибирање на информации за функциите кои ги врши институцијата и нејзините вработени, како и методите на работа и постигнување на очекуваните резултати. Оваа методологија всушност треба да биде средство со кое институциите од јавниот сектор ќе можат да извршат сеопфатно самооценување на квалитетот на работата, во контекст на подобрувањето на услугите за граѓаните, притоа водејќи се дека јавните институции постојат за граѓаните. На крајот, ФА сама по себе не предизвикува суштински промени, туку поставува рамка на сите понатамошни потребни процеси на развој на капацитетите и на управувањето.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support