Управување со процеси и ISO системи за управување со квалитет

Ако се направи осврт на историјата на системите за управување со квалитет, ќе се дојде до денешниот светски познат Систем за управување со квалитет, ISO 90014 . Овој систем е создаден од страна на Меѓународната организација за стандарди (ISO) и нејзината рамка на ISO 90015 . Неговата цел е да обезбеди системи за управување со квалитет кои ќе им помогнат на организациите ефикасно да работат и да ја воведат методологијата по најдобри практики. ISO 9000 фамилијата на меѓународните стандарди и упатства за управување со квалитет се здоби со глобална репутација како основа за воспоставување на ефикасни и ефективни системи за управување со квалитетот и во приватниот и во јавниот сектор. Ова значи дека може способно да се применува низ целиот свет – без оглед на културата на различни земји или културата на различни организации. Таа е генеричка и се однесува на сите сектори.

Стандардот е развиен врз основа на најдобри практики кои се развиени во последниве години, со разгледување на начинот на кој тие функционираат заедно за да се испорача и да се постигне бенефит од страна на организациите.

Семејството ISO 9000 се осврнува на различни аспекти на управувањето со квалитетот и содржи некои од најпознатите ISO стандарди. Фамилијата на ISO 9000 стандарди е составена од:

  • ISO 9001: 2015 – ги поставува барањата на систем за управување со квалитет
  • ISO 9000: 2005 – ги опфаќа основните концепти и јазикот
  • ISO 9004: 2009 – се фокусира на тоа како да се направи поефикасен и поефективен систем за управување со квалитет
  • ISO 19011: 2011 – поставува упатства за внатрешни и надворешни ревизии на системите за управување со квалитет.

ISO 9001 ги специфицира основните барања за систем за управување со квалитет што организацијата мора да ги исполни за да ја демонстрира својата способност постојано да обезбедува производи (кои вклучуваат услуги) кои го зголемуваат задоволството на клиентите и ги задоволуваат применливите законски и регулативни барања. Моделот на ISO 9001 е претставен на сликата подолу и служи како рамка за тоа како организацијата треба да работи во однос на квалитетот и поконкретно, она што организацијата треба да го стори. Во моделот се прикажани пет принципи, каде секој принцип одредува сет на барања, постапки и процеси кои треба да се разгледаат за имплементација на системот:

  • Општи барања за системот за управување со квалитет и документација
  • Одговорност, фокусирање, политика, планирање и цели на раководството
  • Управување со ресурсите и распределба
  • Реализација на производ/услуга и управување со процесите, и
  • Мерење, следење, анализа и континуирано подобрување.

Перформансите на една организација може да се подобрат преку употреба на процесниот пристап. Процесите се управуваат како систем дефиниран од мрежа на процеси и нивните интеракции, со што се создава подобро разбирање на додадената вредност.

Се истакнува дека за ISO 9001 е потребен (и секогаш бил потребен) “Документиран систем за управување со квалитет”, а не “систем на документи”. Ова и овозможува на секоја поединечна организација да развие минимален број на потребна документација за да се демонстрира ефективно планирање, работење и контрола врз своите процеси и имплементација и континуирано подобрување на ефективноста на својот Систем за управување со квалитет. Конвенционалната изрека за ISO е дека организацијата треба: Да го документира она што го прави (“Кажи што прави”), Да воспостави процес за услугата, Да изврши документација (“Прави што вели”), Да обезбеди услуга врз основа на процесот, Да ги евидентира резултатите од својата работа (“Евидентирај информации”), Соодветно да ги одржува сите евидентирани информации, Да ја ревидира документацијата за ефикасност (“Ревидирај ефикасност”), Да врши ревидирање користејќи го процесниот пристап.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support