Наградата Малком Балдриџ им оддава признание за квалитет во работењето на организациите во САД од сферата на бизнисот, здравството, образованието и непрофитните сектори. Наградата Baldrige е единственото официјално признавање за одличните перформанси на јавните и приватните американски организации што го дава претседателот на САД. Таа е раководена од Baldrige програмата за извонредност на перформансите, која се базира на и се управува од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST), агенција на американското Министерство за трговија.
Рамката за извонредност Малком Балдриџ се состои од три дела: (1) критериуми за одличност во перформанси/ефект, (2) основни вредности и концепти, и (3) упатства за бодирање. Рамката служи за две главни цели: (1) да им помогне на организациите да ги проценат напорите за подобрување, да го анализираат својот систем за управување со перформанси/ефект и да ги идентификуваат своите предности и можности за подобрување и (2) да ги идентификуваат примателите на наградата Малком Балдриџ кои ќе служат како примери за други организации.