Заедничка рамка за проценка 2020

Европската мрежа на јавни администрации (ЕУПАН) е неформална мрежа на Генералните директори одговорни за јавните администрации во земјите-членки на Европската Унија, Европската комисија (ЕК) и на земјите- набљудувачи. Мрежата работи здружено за да обезбедат висококвалитетни јавни услуги и администрации во Европа.

Значењето  на ЕУПАН лежи во нејзината свртеност кон иднината и споделување искуства за предизвиците со кои се соочува јавната администрација на национално и на европско ниво. Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) е највидливиот производ од мрежата, со јасно влијание врз тоа како се проценува и подобрува квалитетот на јавните администрации во Европа. Овој модел почна да се употребува и надвор од Европа, а со тоа влијанието е уште поголемо. Во 2019 година има 4.100 регистрирани корисници на ЦАФ во земји во и вон Европа.

Новиот CAF2020 е петта верзија на овој модел. Основата на моделот се темели на докажан модел на ЦАФ кој беше пуштен во употреба во 2000 година. ЦАФ е првата алатка за управување со квалитетот која е развиена од јавниот сектор и е дизајнирана конкретно за неговите потреби. Станува збор за општ, едноставен, достапен модел кој е лесен за употреба за сите организации од јавниот сектор. Моделот на ЦАФ е ревидиран и приспособен за подобро да одговори на развојот и еволуцијата на јавното управување и општеството. Ажурирањата на оваа верзија CAF2020 воглавно се однесуваат на дигитализација, агилност, одржливост и разновидност.

Оваа нова верзија е плод на интензивна соработка меѓу Националните кореспонденти за ЦАФ од земјите-членки на Европската Унија. Притоа, основна група презеде задача да го ревидира ЦАФ. Во оваа прилика би сакале особено да им се заблагодариме на Австрија, Белгија, Финска, Италија, Полска и Португалија, поддржани од Европскиот ресурсен центар за ЦАФ и од Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА). Процесот исто така многу го промовираа Претседателствата со ЕУ од Естонија, Бугарија и Романија.

Квалитетот на јавната администрација и на услугите кои ги нуди се оценуваат според нивното влијание врз квалитетот на живот на луѓето. Целта на моделот ЦАФ е да ги води јавните организации кон постигнување најдобри можни резултати.

Околу моделот ЦАФ има активна заедница. Мрежата на национални кореспонденти за ЦАФ е задолжена за обезбедување силен и ажуриран модел, а широката мрежа на корисници ги креира конкретните ефекти од користење на моделот во нивните организации. Нивните експертиза и знаење се споделуваат на настани за Европските корисници на ЦАФ и во други пригоди во кои се сретнуваат „пријателите на ЦАФ“. Илјадници организации веќе го усвоија моделот и докажаа дека функционира; стотици луѓе заедно присуствуваат на европски настани. Со оваа ревидирана верзија на CAF2020 сесрдно ги покануваме сите да се приклучат во заедницата на ЦАФ!

 

Секретатијатот на EUPAN                                               ноември, 2019 година

(Хрватска, Финска, Германија, Романија, Европска комисија)

Новата верзија на Заедничката рамка за проценка ( ЦАФ 2020) можете да ја прочитате во документите за ЦАФ моделот.

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support