Заедничка рамка за проценка (ЦАФ)

Мрежата за јавна администрација на Европската унија (EUPAN) ја создава Заедничката рамка за проценка – ЦАФ моделот (Common Assessment Framework – CAF ) во 2000 година, како прв европски инструмент за управување со квалитет специјално прилагоден и изработен за јавниот сектор.

Заедничката рамка за проценка (ЦАФ моделот) е алатка за целосно управување со квалитетот развиена од јавниот сектор за јавниот сектор, инспирирана од Моделот на Европската фондација за одличност во управување со квалитет (EFQM®). Се заснова на претпоставката дека одличните резултати во организациските перформанси, граѓаните/клиентите, луѓето и општеството се постигнуваат преку стратегија за лидерство и планирање, луѓе, партнерства, ресурси и процеси. Во исто време ја разгледува организацијата од различни аспекти: холистичкиот пристап кон анализата на перформансите/ефектите на организацијата.

Целта на заедничката рамка за проценка е да биде катализатор за целосен процес на подобрување во рамките на организацијата и истата има пет главни цели:

  1. да ја запознае јавната администрација со културата на одличност и принципите на целокупно управување со квалитет;
  2. да ги води институциите постепено по целосно усогласен демингов циклус “планирањеспроведување–проверка-дејствување”;
  3. да го олесни самооценувањето на јавната организација со цел да се добие добра претстава за активностите за подобрување;
  4. да има улога на мост помеѓу различните модели што се користат во управувањето со квалитетот, и во јавниот и во приватниот сектор;
  5. да го олесни учењето помеѓу организациите од јавниот сектор.

Моделот на заедничката рамка за проценка (ЦАФ моделот), има структура со девет критериуми. Критериумите ги идентификуваат главните аспекти кои е потребно да се разгледаат во секоја организациска анализа. Критериумите 1-5 се однесуваат на менаџерските практики на една организација: таканаречени Овозможувачи (Enablers). Тие одредуваат што прави организацијата и како истата пристапува кон своите задачи за да ги постигне посакуваните резултати. Во критериумите 6-9, постигнатите Резултати во областите на граѓаните/клиентите, луѓето, општествената одговорност и клучните перформанси се мерат со мерки за перцепција и перформанси/ефекти. Секој критериум е дополнително поделен на листа на под-критериуми. 28те под-критериуми ги идентификуваат главните прашања кои треба да се земат во предвид при оценувањето на една организација. Тие се илустрирани со примери кои подетално ја објаснуваат содржината на под-критериумите и предлагаат можни области на кои треба да се обрне внимание, со цел да се испита како администрацијата ги исполнува барањата изразени во подкритериумот.

Користењето на ЦАФ моделот е процес на учење за секоја организација. Сепак, секој нов корисник може да има корист од научените лекции во текот на неколку години на имплементација. Затоа е развиен план за имплементација од 10 чекори за да им се помогне на организациите да го користат ЦАФ моделот на најефикасен и ефективен начин.

Најдобри Практики

Документи

Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support